Русија забрани протести за време на ЗОИ

Од:

Властите на Русија забранија демонстрации и собири на граѓаните во Сочи, пред и за време на Зимските олимписки игри во 2014 година.

Одлуката за забрана е потпишана лично од претседателот Владимир Путин и го ограничува пристапот на тоа одморалиште на Црното море во периодот од 7-ми јануари до 21-ви март, идната година, пренесе „Би Би Си“.

Според официјален Кремељ, таа мерка била неопходна за да се обезбеди сигурност за време на Олимписките и Параолимписки игри во Сочи, но активистите ја карактеризираа како „неуставна“.

Во т.н. забранета зона во Сочи, пристап нема да имаат речиси сите возила, освен оние на жителите на градот, посебно акредитираните возила и итните служби.

Покрај тоа на местата каде што ќе се одвиваат натпреварите, ќе бидат поставени повеќе контролни зони за претрес на присутните лица.

Активисти за човекови права ги осудија овие мерки за безбедност, наведувајќи дека се еднакви на воведување на вонредна состојба.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Северна Кореја би можела да испрати до 100.000 војници за да и помогне на Русија

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Песков: Постојано го повикуваме Киев да престане да убива Руси

Горан Наумовски

Бжанија: Останувам на функцијата избран претседател на Абхазија

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Масовен руски напад на Украина со крстосувачки и балистички ракети, но и со беспилотни летала

Горан Наумовски