Пет зборови кои ја уништуваат врската

Од:

Паровите многу пати грешат бидејќи не внимаваат на тоа што го зборуваат пред партнерот. Сепак, би требало да бидете свесни за зборовите кои можат да ја уништат вашата врска. Затоа ако сакате да избегнете раскинување, овие зборови никогаш не би требало да ги изговарате:

Никогаш
Овој збор подразбира чувство на безнадежност и крај. Кога го користите зборот „никогаш“ на партнерот му порачувате дека не е добар, никогаш нема да биде добар и дека нема надеж за промена.

Секогаш
Со овој збор имплицирате строгост и исправност. На партнерот му порачувате дека тој греши а вие сте во право, и дека ништо не може да направи во врска со тоа.

Ама
Зборот „Ама“ или „Но“ упатува на манипулација и недостаток на сопствено ЈАС. Кога го користите негирате сѐ што е речено. Со овој збор ја поништувате својата порака и позитивната изјава ја претворате во негативна. Овој збор оневозможува градење доверба, веродостојност и интимност.

Пцовка
Ако му се обраќате на партнерот со погрдни имиња и со пцовки, тоа не носи ништо добро. А ако тоа го правите често, трајно ја уништувате врската. Во љубовта нема место за отворено презирање.

Закана со развод или раскинување
Заканување со развод или раскинување, предлагање на истото или обвинување на партнерот за уништување на врската или бракот – води токму до тоа. Тоа е една многу важна одлука, и кога раскинувањето или разводот ги користите во разговор како оружје или средство за контрола, создавате напната апмосфера која не придонесува до ефикасна комуникација, ниту до решавање на проблемот.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ