Арнаутовиќ ја „крена“ Болоња за прва победа во новата сезона

Од:

Во првиот меч под новиот тренер, Тијаго Мота, Болоња стигна до фуриозна 2:1 камбек победа над Фиорентина, нивни прв триумф во новата сезона во Серија А во режија на Марко Арнаутовиќ.

Лукас Мартинез ги донесе гостите на водство на „Ренато Дал’Ара“ во 54. минута од мечот, но само пет минути подоцна, Муса Бероу израмни на 1:1, пред Арнаутовиќ во 62. минута да осигура три поени за домаќините. Синиша Михајловиќ доби отказ од позицијата тренер во Болоња по лошиот старт на сезоната.

Новите прволигаши Лече и Монца ќе почекаат за својата прва победа во Серија А, откако одиграа 1:1 реми. Стефано Сенси ги донесе Монца во водство во 35. минута, за во 48. минута Жоан Гонзалез да израмни на 1:1. Удинезе пак, за кои Илија Несторовски играше во второто полувреме, ја продолжи одличната серија со 3:1 гостинска победа кај Сасуоло. Фратези во 33. минута стрелаше за Сасуоло, но тие останаа со играч помалку по црвениот картон на Тресолди. Бето израмни во 75. минута, по што Удинезе постигнаа два гола по 90-тата минута преку Самарџиќ и Бето за интересна победа, која ги крева Удинезе на четвртото место на табелата.

СЕРИЈА А, 6.КОЛО
Болоња – Фиорентина 2:1
Лече – Монца 1:1
Сасуоло – Удинезе 1:3

Би можело да ве интересира

Бебе паднало од четврти кат, животот му го спасил случаен минувач

А1он

Болоња го потврди Тијаго Мота за нов тренер