Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди областа на источна Нова Гвинеја во Папуа Нова Гвинеја, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 80 километри, пишува EMSC.
Папуа Нова Гвинеја се наоѓа покрај Огнениот прстен на Тихиот Океан, зона особено подложна на земјотреси, каде што се случуваат околу 90 проценти од сите земјотреси на Земјата.