Потресни снимки од делфин кој се простува од своето мртво бебе снимил еден кинески турист во регионот Гуангз Жуанг. Оваа област е позната по многуте делфини за кои се организираат специјални тури на туристи кои доаѓаат да ги видат.
Овој ритуал е еден од ретките досега видени кои го прават овие цицачи, а уште поретко може да се сними со камера.
Возрасниот делфин, неколку пати го изнесуваше малото на површината за да му помогне да дише. Потоа го носеше длабоко во водите и пак назад.
На стомакот на малото се забележа една поголема секотина, најверојатно направена од некој од бродовите кои ги носат токму туристите додјени да ги видат. Воопшто не е нова веста дека бројот на овие водени суштества секојдневно се намалува.
Научниците тврдат дека делфините покажуваат вознемиреност кога некое од нивните наследици ќе почине и остануваат покрај него неколку дена по смртта. Слични вакви рируали се забележани и кај китовите, слоновите, шимпанзата и горилата.
Иако експертите се подготвени да им ги „препишат“ на овие суштества човечките особини, сепак нивното однесување покажува дека тие не се воопшто свесни за смртта.