САД ќе ја одбележат 11-годишнината од терористичките напади од 11 септември 2001 година

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден в недела ќе ја одбележи 21-годишнината од нападите на 11 септември со говор и положување венец во Пентагон, што беше една од целите на терористите, пренесуваат агенциите соопштение на Белата куќа.

Комеморации ќе има и на местото на кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и во Пенсилванија каде што се урна еден од киднапираните авиони. Првата дама Џил Бајден ќе одржи говор таму в недела на Меморијалот во Шанксвил.

Потпретседателката Камала Харис ќе присуствува на церемонијата во Њујорк.

Речиси три илјади лица загинаа во нападите на 11 септември 2001 година. Како одговор, САД и нивните сојузници покренаа воена интервенција во Авганистан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата