150 патници на Бритиш Ервејс патувале речиси 24 часa од Лондон до Дубровник

Од:

Околу 150 патници на Бритиш ервејс на летот БА 2832 патувале речиси 24 часа од Лондон до Дубровник, а наводно за се е виновнo невремето.

Авионот од Лондон требаше да слета во Дубровник во недела во 21:25 часот и се се одвиваше според распоредот додека не пристигне пред градот. Според сведочењето на патниците, пилотот неколку пати се обидел да слета на тамошниот аеродром, но не успеал.

Потоа авионот речиси половина час кружел над Дубровник обидувајќи се да слета, но повторно не успеал. За тоа време патниците од патничката кабина гледале други авиони како слетуваат и полетуваат од аеродромот во Дубровник.

По неколку неуспешни обиди за слетување, пилотот ги известил патниците дека не може да слета поради силниот ветер и дека ќе слета во Загреб. Тој додаде дека се надева дека ќе имаат доволно гориво за да стигнат до аеродромот во Загреб, што ги направи патниците уште понервозни. Летот за Загреб и слетувањето поминале без проблеми, а патниците денеска 20 минути по полноќ излегле од авионот и влегле во аеродромската зграда.

Би можело да ве интересира

Бритиш ервејс ја прекина продажбата на билети за кратки дестинации од аеродромот Хитроу

Првиот човек на „Бритиш Ервејз“ поднесе оставка

Жарко Настоски

Двонеделен штрајк на кабинскиот персонал на „Бритиш Ервејз“

Наум Локоски