Седум лица загинаа при судар на воз со автомобил на рамен премин во јужна Унгарија.
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил на преминот, недалеку од селото Кунфехерто.
Во претходниот полициски извештај се наведува дека загинале пет лица, но властите подоцна објавија нови податоци, велејќи дека возачот на автомобилот и шестмина патници загинале на местото на настанот.
Патниците во возот не се повредени, но машиновозачот со полесни повреди е пренесен во болница, се вели во соопштението од полицијата.
Немаше рампа или електричен сигнал на руралниот премин, соопшти унгарската железничка компанија, додавајќи дека делот од пругата е затворен за возови.