Авионот „Цесна“ со четворица патници се урнал во Балтичкото Море, пишува „Билд“. Авионот полетал од југот на Шпанија и се упатил кон Германија, поточно Бон.
По полетувањето имало проблем со притисокот во кабината. Кај Пиринејскиот Полуостров била прекината секаква комуникација со авионот.
Шпански и француски борбени авиони полетале за да дознаат што се случило со „цесната“, но не успеале да остварат контакт.
Според првите информации, во леталото освен пилотот имало и тричлено семејство.
Шведската крајбрежна стража испрати бродови и хеликоптер на местото на несреќата. Според последните информации, тие забележале дамка од гориво во морето и пронашле делови од урнатините.
Се стравува дека нема преживеани.