Уште 12 сиријци се обидоа нелегално да влезат во Македонија преку Грција

Од:

Царински службеници спречија обид за нелегален влез на 12 сириски државјани и за шверц на златен накит.

Цариниците на Железничката станица во Гевгелија во соработка со припадници на полицијата, завчера околу 20:30 часот при делумен преглед на контејнер натоварен со метална жица во товарен воз од Грција, со дестинација Австрија преку Унгарија, открија 12 патници, кои според нивните изјави се државјани на Сирија.

Ова е втор обид за нелегален влез на сириски државјани во последните 24 часа. Претходно 17 сириски државјани беа откриени исто така во товарен воз со крајна дестинација Австрија. Целта на имигрантите, според нивните изјави, е да стигнат до некоја од западноевропските земји.

Мигрантите, како што е наведено во соопштението од Царинската управа, се предадени на македонските погранични полициски служби.

На граничниот премин Ново Село завчера царинските службеници спречија обид за нелегално внесување на 120 грама 24-каратно злато во вредност од околу 222 илјади денари. Избегнатите царински давачки изнесуваат околу 80 илјдаи денари. Накитот е задржан, а против сторителот Царинската управа поведе кривична постапка.

Петмината патници од возило со македонски регистарски таблици на прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават одговориле негативно. Но, цариниците на раката на една од патниците- македонска државјанка, забележале три исти златни алки, а при прегледот на нејзиниот багаж се пронајдени уште три идентични златни алки, како претходните.

Би можело да ве интересира

Албански државјани нелегално влегле во Македонија – ги откриле на граница кај Дојран

САД ќе примаат и до 30.000 мигранти месечно, ќе протеруваат илегалци

Пакистанци илегално ја поминале границата на Македонија

Ана Ололовска

Откриени триесетина илегалци во товарен воз од Грција

Ана Ололовска