Украинската војска ја започна долгоочекуваната контраофанзива на југот на земјата во близина на градот Керсон и во последниот наводен напад уништи понтонски мост изграден од руските војници во окупираното село Даривка во областа.
Битка за Донбас
Претседателот Володимир Зеленски ја повика руската армија да се повлече пред големата офанзива на Киев и рече дека ќе ја вратат окупираната територија, иако Русија тврди дека украинскиот контранапад не успеал.
– Украинските трупи, по наредба на Зеленски, извршија офанзива во регионите на Миколаев и Керсон во три правци. Како резултат на активната одбрана на групи руски војници, единиците на вооружените сили на Украина претрпеа големи загуби – се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Што навистина се случува?
Тешко е да се знае што всушност се случува во близина на Керсон, освен она што се гледа на повремено објавените видеа. Се известува дека низ градот на реката Днепар одекнувале истрели, дека украинските сили се движеле кон југ и дека се водат „жестоки битки“.
The Battle to free Kherson from Russian-occupation is underway.
The striking part of this video is how casually people are talking in the streets while the rattle of gunfire can be heard all around. pic.twitter.com/czSs2kly2M
— Jason Jay Smart (@officejjsmart) August 30, 2022
Поради брзиот пад на Херсон, веќе на почетокот на руската инвазија, во Украина се крена бура, а Зеленски изврши голема чистка во јули. Тој го „отстрани“ шефот на моќната безбедносна служба на СБУ Иван Баканов и генералниот обвинител Ирина Венедиктова поради десетици случаи на соработка на службеници во нивните служби со Русија.
Повторното заземање на Херсон – за кој Украина предвиде дека повторно ќе го преземе до септември пред најавениот руски референдум – ќе му даде на Киев стратешка предност пред Црното Море и јужниот дел на земјата. Тоа ќе му овозможи да воспостави позиции во близина на клучното пристаниште Одеса и да се најде на ударна оддалеченост од Крим. Ако настаните се развијат во корист на Украина, тоа исто така ќе и овозможи да го префрли својот фокус на источен Донбас, според Cepa.org.
Весникот „Њузвик“ пишува дека украинската армија го уништила рускиот понтонски мост во Даривка, повикувајќи се на Украинската оперативна команда на југот, која во вторникот, како што јави Би-би-си, соопшти дека „позициските битки“ продолжуваат.
– Ударите се ефективни, штетата е значителна. Уништен е понтонскиот премин што окупаторите го поставија во месноста Даривка – соопштија на „Фејсбук“ од Јужната команда.
It is difficult to see in this photo, but the pontoon bridge in Daryivka is partially covered with tree branches from above. There is also some work going on. pic.twitter.com/1ggefKyycH
— Special Kherson Cat ??? (@bayraktar_1love) July 27, 2022
Би-Би-Си објави дека Украина го користела американскиот прецизен ракетен систем HIMARS во последните неколку недели за да ги гаѓа руските импровизирани мостови, како и командните пунктови и складиштата за муниција.
Кон крајот на јули, украинската војска објави дека силите на Владимир Путин се обидуваат да изградат понтонски мост над реката Инхулет во Даривка, а во новиот извештај се вели дека фотографиите ја покажуваат изградбата на мостот неколку стотини метри оддалечен од бетонскиот мост на јужната страна, покриенuk со гранки од дрвја. Изгледа успеале откако бил оштетен бетонскиот мост.