Властите во ФБиХ повикуваат на штедење и рационално користење на енергијата

Од:

Властите во Федерацијата Босна и Херцеговина ги повикаа граѓаните и компаниите рационално да ја користат енергијата и побараа од јавните институции да изготват планови за штедење, особено за ладење и греење на просториите, по примерот на Европската Унија.

На седница на Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина беа усвоени насоки за намалување на потрошувачката на енергија и енергенси. Како што е најавено, насоките се состојат од мерки кои можат да ги преземат граѓаните, јавниот сектор, претприемачите и енергетските субјекти.

На граѓаните им се препорачува порационална потрошувачка на енергија за греење и ладење, правилно проветрување на просторот, како и ефикасна потрошувачка на енергија за осветлување и апаратите за домаќинство. Тие објаснија дека ако температурата што се одржува во просторот се намали за само еден степен, годишно може да се заштедат приближно пет проценти од топлинската енергија.

Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина ги задолжи јавните институции и јавните претпријатија да креираат конкретни програми во случај на криза со цел да се спроведат мерки за заштеда на енергија. Воедно, беа разработени мерките што треба да се преземат во случај на недостиг на енергенси или прекин на испораките, како и мерки за намалување на последиците од недостиг или прекин на испораките и обезбедување на потребните финансиски средства.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски