Погребот на последниот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, ќе се одржи во сабота на 3 септември на гробиштата Новодевичи, изјави денеска за Интерфакс неговата ќерка Ирина.
– Погребот ќе се изврши во сабота на гробиштата Новодевичи. Прошталната ќе се одржи во Синдикалниот дом – рече таа.
Ќерката на Горбачов не можеше да одговори на прашањето дали ќе се организира државен погреб.
Михаил Горбачов, последниот претседател на Советскиот Сојуз, почина вчера на 92-годишна возраст.