Во Босна и Херцеговина утрово во 7.21 часот е регистриран земјотрес. Магнитудата била 3,3 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот бил во близина на Столац, а земјотресот бил почувствуван и на југот на Хрватска.
Луѓето од Дубровник и дубровничката жупанија на веб-страницата ЕМСЦ пишуваат дека двапати се тресел и дека земјотресот не бил толку силен, туку дека ги исплашил.