Од полноќ повисока цена на дизелот

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека донела Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91% во однос на одлуката од 24.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,102%, кај дизелот зголемување во просек за 2,304%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,512% и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,049%

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат.

Малопродажнaтa ценa на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,292 ден/кг.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,41%.

– Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 26.8.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопшти РКЕ.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95