На службената страна на Министерството за врски и масовни комуникации на Руската Федерација се појави документ со која се предлага одвојување на сите руски интернет провајдери на федерални и обични.
Со анализа на проектот „Тези и концепции за развој на мултисервисните комуникациски врски за општа употреба на Руската Федерација“ во Русија всушност како што пишува „Комсомолска правда“ сака да се воведе целосна контрола над интернетот.
Според овој документ, федералните провајдери ќе имаат целосен пристап до интернетот, а обичните ќе може да се поврзат само на федералните.
Претставниците на рускиот интернет веќе се изјаснија дека се против проектот, истакнувајќи дека тоа во целост ја исклучува независноста.
Елена Георгиевска