Освен во козметички цели, пената за бричење можете да ја искористите и за некои други работи. Иако по текстура не делува како средство со кое можете да решите некој друг проблем, многумина кои ја испробале тврдат дека е многу ефектна и корисна.
Еве уште неколку корисни употреби на пената за бричење
– За да го спречите замаглувањето на огледалата додека се туширате или капете, на пешкир или памучна крпа нанесете малку пена, премачкајте го огледалото и добро избришете го за да не останат флеки.
– Ако не можете рацете да ги измиете со обичен сапун од некои маснотии, боја, масло… ќе ви помогне пената за бричење. Нанесете ја на рацете и тријте неколку минути, потоа измијте ги со топла вода.
– Пената за бричење одлична е и за чистење дамки. Ако на килимот или облеката сте истуриле вино или сок, на дамката веднаш ставете малку крема за бричење, истријте со сунѓер и исперете со вода.
– Со паста за бричење можете да ги исчистите четките и чешлите. Кога ќе ги отстраните влакната, нанесете на четката или чешелот пена, добро размачкајте ја, оставете ја неколку минути, па исплакнете ја со топла вода.
– Со овој козметички препарат можете и да ги подмачкате вратите во домот, а ќе го добиете истиот ефект како и со разни масла за подмачкување. Нанесете пена на тенко стапче и намачкајте ги шарките. Вишокот веднаш тргнете го за да не останат дамки.