Големиот шумски пожар кај Валенсија е ставен под контрола

Од:

Големиот шумски пожар во шпанскиот регион Валенсија, кој гори веќе шест дена, денеска е ставен под контрола, соопшти локалната служба за итни случаи.

„Ситуацијата со пожарот се одвива поволно. Речиси и да нема пожар на поголемиот дел од зафатениот терен. Потребно беше да се приближиме до клисурите, каде пожарот беше на непристапен терен“, соопшти службата за итни случаи на Валенсија.

Шпанскиот Национален директорат за безбедност соопшти дека пожарот зафатил повеќе од 135 километри и дека од загрозената област како мерка на претпазливост претходно биле евакуирани 2.200 жители.

Годинава, шумските пожари во Шпанија изгореа четири пати повеќе шуми отколку во целата измината деценија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се повлекуваат банкноти од 50 евра

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја