Во близина на брегот на Јапонија, судир на танкер за хемикалии и товарен брод

Од:

Јапонски танкер за транспорт на хемикалии денеска се судри со кинески товарен брод во близина на брегот на југозападна Јапонија.

Крајбрежната стража соопшти дека нема повредени и додаде дека двата брода се закотвени и дека истрагата е во тек.

Од моторот на кинескиот брод, кој првично почна да тоне, истекло мало количество масло но истекувањето е ставено под контрола.

Јапонскиот танкер го напушти пристаништето Кобе за да земе хемикалии од друго јапонско пристаниште и не превезувал товар во моментот на несреќата.

На местото на несреќата се испратени нуркачи.

Причината за несреќата се уште не е утврдена. Според претставник на јапонската крајбрежна стража, екипажот на кинескиот брод изјавил дека јапонскиот танкер ненадејно се скршнал кон нив.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он