Американците биле подготвени да го бранат Тито од Сталин со нуклеарка

Од:

Опсесијата на Сталин со Југославија и нејзиниот лидер Јосип Броз Тито речиси ќе довела до трета светска војна, тврди американската Национална безбедносна агенција(НСА) во неодамна декларифицираниот документ.

Во случај на напад на Сталин на Југославија, САД биле подготвени да се вклучат. Југославија, пишува во документот, биле подготвени да ја бранат и со нуклеарно оружје. Документот во кој се изнесени наведените тврдења прикладно е именуван „избегнување на Армагедонот”.

Откако Тито му го сврте грбот на Советскиот Сојуз, што го разбесне Сталин, меѓу двете држави, како што наведуваат Американците, започнала „разузнавачка војна од епски размери”. Сталин, како што се наведува во документот, бил решен по секоја цена да го уништи Тито и „неговиот отпаднички комунистички режим”.

Меѓу Југославија и СССР започна пропагандна војна. Откако Сталиновите субверзии и саботажи не вродиле со плод, СССР, тврди НСА, почнал да подготвува напад на Југославија. Планот бил унгарската војска да се пробие во Војводина и да го отвори патот кон Белград, кој потоа би требало да биде заземен од советските оклопни трупи.

Советите, тврди НСА, оформиле специјални борбени единици, вклучувајќи и три интернационални бригади во Унгарија, Романија и Бугарија. Високи позиции во тие бригади имале југословенските емигранти. Според тогашната проценка на ЦИА, Југославија имала шанси против трупите на Романија, Унгарија и Бугарија, но не и против шесте советски дивизии.

Заради тоа, САД почнале да и испраќаат воена помош на Југославија. До средината на 50-сетите години на минатиот век се испратени вкупно половина милијарда долари. Во јуни 1951 година генералот Коча Поповиќ го посетил Вашингтон заради заеднички воени планирања.

Уште тогаш ЦИА планирала дека Југославија ќе стане идна членка на НАТО. На Американците им било во интерес да му пружат помош на Тито за да ги спречат плановите на Сталин. Од перспектива на НАТО, Југославија служела како штит за ранливите Италија и Грција.

Британскиот воен врв во февруари 1951 година објави дека нападот на Сталин на Југославија ќе значи почеток на третата светска војна. Американците исто така сметале дека нападот на СССР врз Југославија би можел да биде вовед во нов глобален судир.

Сталин од инвазијата наводно се откажал заради американската интервенција на Корејскиот полуостров. Имено, кога видел колкав труд Американците вложиле во одбрана на Кореја, му станало јасно дека уште повеќе ќе се ангажираат во одбрана на Југославија, со оглед на важноста на нејзината геостратешка позиција.

Би можело да ве интересира

Откриена тајна од погребот на Тито : Луѓето плачеле пред ковчег полн со песок

Емир Латифовиќ

ЦИА и Клинтон ќе објават тајни документи за војната во СФРЈ

Емир Латифовиќ

Самит на шефови на државите од регионот

Емир Латифовиќ

По 20 години отворен апартманот на Тито во Јастрепц

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Како се прославуваше денот на младоста

Емир Латифовиќ

Јелиќ: Војната во СФРЈ ја поттикна Лондон

Ана Ололовска