Сексот е најважната активност за 9% од студентите, третина од нив сметаат дека суштина е во учењето, а најмалку среќа во љубовниот живот имаат теолозите и филозофите.
Студентите на економија во текот на студирањето во просек спијат со пет сексуални партнери, а студентите на теологија со два, потврди студијата на британскиот портал “StudentBeans.com”, спроведена на 4,656 луѓе.
По економистите следуваат студентите на факултетот за социјална работа со просечни 4,7 партнери, студентите на туризам спијат со 4,65 партнери, а агрономите во текот на студирањето имаат 4,4 партнери. Помалку среќа во љубовниот живот имаат филозофите, педагозите и теолозите кои во просек имаат два сексуални партнери, пренесува “Daily Mail”.
Секој шести студент признава дека од почетокот на студирањето имал два партнери, а речиси 39% од нив тврдат дека спиеле само со еден партнер. Сексот е најважна активност за 9% од нив, додека повеќе од половина тврдат дека пријателите секогаш се на прво место. Дури една третина од студентите сметаат дека суштината на студирањето е учењето, потврди студијата.