Шумски пожар зафати воз во Шпанија, во близина на Кастелон на североистокот на земјата. Дури 20 патници се здобиле со изгореници, од кои тројца потешко, откако скокнале од возот зафатен во пожар, пишува Гардијан.
Машиновозачот, кој го возел возот од Сагунто во источната провинција Валенсија до Сарагоса, го запрел возот кога видел дека поради пожарот е премногу опасено за да продолжи.
Varios heridos cuando un tren ha quedado atrapado en el #IFBejís.
Los heridos están siendo atendidos en la estación de #Caudiel están siendo por efectivos de @GVAsanitat, @CruzRojaCS y @UMEgob pic.twitter.com/7XGoFKdgze
— NoMePisesLaManguera (@PlinioElGuapo) August 16, 2022
Откако застанал, се подготвувал да го врати возот наназад.
Но голем број патници, стравувајќи дека возот ќе се запали, ги скршиле стаклата и панично избегале. Двајца патници со најтешки изгореници се евакуирани со хеликоптер.
Останатите, меѓу кои и 10-годишно девојче, се префрлени во блиските болници. Според службите за итна помош, меѓу патниците кои се здобиле со најтешки изгореници по бегството од возот е и 58-годишна жена.
Train from Madrid to Galicia stopped on the tracks for a few minutes this morning. Passengers surrounded by wildfire. "Moments of panic", reports @PacoSeoanePerez. Then the train continued on its journey.pic.twitter.com/2xytTNL6eL
— Matthew Bennett | The Spain Report (@matthewbennett) July 18, 2022
– Кога видоа дека се опкружени со оган, се вратија во возот и неколку од нив се здобија со изгореници, изјави портпаролот на шпанската железничка компанија Ренфе.
Ксимо Пуиг, претседателот на Валенсија, рече дека над 1.000 луѓе се евакуирани од своите домови поради силните ветрови што го разгореа пожарот во Бејис, Валенсија. Тој додаде дека двајца пожарникари се здобиле со изгореници.
Валенсија е последниот шпански регион кој се бори со сериозни шумски пожари за време на продолжениот топлотен бран во Шпанија. Пожарите доведоа до уништување на десетици илјади хектари шума.