Поради долгиот сушен период, што го намали производството во хидроелектраните, кои се главен произведувач, Албанија е принудена да увезува повеќе од половина од потребата количина електрична енергија, за задоволување на потребите.
Земјата досега потрошила околу 297 милиони евра за набавка на електрична енергија а според експертите од оваа област „до крајот на годината се очекува сметката да биде фрапантно висока“.
-Во овие 8 месеци увезената количина е еквивалентна на онаа која се увезува за цела календарска година, дури и во најтешките години. Меѓу најоптимистичките сценарија се предвидува дека вкупната сметка за откуп на енергија ќе достигне 600 милиони евра, сметаат експертите.
Според експертите, потребна е поддршка и за приватните иницијативи.
-Владата не треба да дава суверени гаранции само за јавните претпријатија како КЕШ или секторот за пренос, туку и за иницијативите на приватните претприемачи, велат експертите.
Уште во март Владата презеде повеќе мерки за енергетската вонредна состојба. Првично, стапиво сла одлуката светлата на главните улици во земјава како и во некои урбани центри се исклучуваат по 24 часот.
-Се очекува и брод кој ќе произведува енергија како резултат на договорот со Exxel Energy да биде закотвен во пристаништето во Валона. Во меѓувреме, за дел од бизнисите(освен малите) цената е зголемена за 6,5 лека, додека од септември се очекува зголемување на цената на струјата за домаќинствата кои трошат над 800 киловат/часови месечно. Во ноември се очекува и отворање на енергетската берза, наведува Топ чанел.
Извор: МИА