Едно лице загина, а десетици се повредени за време на музички фестивал во Шпанија, кој заврши со трагедија кога силните налети на ветерот предизвикаа делумно уривање на сцената.
Инцидентот се случил во 4 часот по локално време на фестивалот Медуза – Циркус на лудилото, кој се одржувал на плажата во Кухера, на околу 50 километри јужно од Валенсија.
Од вкупно 40 повредени, тројца се во тешка состојба. Според шпанските медиуми, починатиот е маж на околу 20-тина години. Тој беше погоден со предмети од делумно разурната сцена на фестивалот.
На настанот присуствуваа околу 320.000 гледачи кои итно беа евакуирани.
Снимките ги покажуваат размерите на катастрофата – силни ветришта го зафатија местото на фестивалот, остатоци од сцената летаат низ воздухот и дрвјата заканувачки се нишаат.