Повеќе од 30 лица се повредени, од кои двајца потешко, откако два воза се удриле еден во друг во забавен парк во јужна Германија.
Еден воз на тобоганот пробал да закочи, а друг се судрил со него во паркот Леголанд во Гунцбург.
На местото на настанот се испратени три хеликоптери, а на помош биле повикани и противпожарните и спасувачките служби.
Најмалку 34 лица се повредени. Засега не е познато како дошло до несреќата.