Трамп се повикал на Петтиот амандман повеќе од 440 пати, одговoрил само на едно прашање

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се повикал на Петтиот амандман на Уставот на САД повеќе од 440 пати, пренесоа американските медиуми. Трамп во средата се повикал на неговото уставно право да не одговара на прашањата на обвинителите како дел од истрагата за тоа дали неговата компанија, Организацијата Трамп, ги прекршила законите за банкарство, осигурување и даноци и дали учествувала во финансиска измама.

Адвокатот на Трамп, Рон Фишети, изјави за NBC дека Трамп одговорил само на едно прашање, а тоа е неговото име.

Фишети за „Њујорк тајмс“ прецизираше дека сведочењето траело околу четири часа со паузи, а Трамп го повторил „истиот одговор“ на сите други прашања, односно се повикувал на Петтиот амандман.

Суштината на Петтиот амандман е дека поединецот не може да биде принуден да сведочи против себе на суд.

Би можело да ве интересира

Меркел: Не плашете се од Трамп

А1он

Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане

А1он

Трамп го назначи конгресменот Мајк Волц за советник за национална безбедност

А1он

И Вучиќ се слушна со Трамп: Одличен разговор, најголема поддршка имаше од Србија

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ