Плеврис: Евентуалните мерки за Ковид-19 нема да бидат задолжителни

Од:

Нашата желба и нашата намера е да не одиме на задолжителни мерки, туку да постојат препораки, рече министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интрвјуто за грчката телевизија „Скај“ во однос на евентуалните нови мерки во земјата за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на ажурираните вакицини кои ќе заштитуваат и од Омикрон, министерот за здравство на Грција изрази надеж и очекување дека ќе ги имаат од октомври.

Тој објасни дека постојат две фази, првата се однесува на Омикрон, а втората фаза, на ажурирани вакцини и за подваријантит четири и пет.

– Компаниите сега ги поднесуваат досиејата, има процедури за одобрување, сметаме и се надеваме дека од октомври па натаму дека ќе ги има, рече Плеврис.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Плеврис: Комбинацијата грип и Ковид-19 може да создаде притисок врз здравствениот систем

А1он

Плеврис: Кон средината на август може да бидат одобрени нови вакцини за сојот омикрон

А1он