Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија денеска во Брисел ќе одржат вонредна средба на која ќе разговараат за ситуацијата во Египет и ќе усвојат заеднички став за тоа прашање.
Можно е да биде преразгледана европската помош за таа држава за периодот 2012-2014 која е околу пет милијарди евра. Франција со поддршка од Данска бара тие средства да бидат замрзнати додека египетските власти не ја обноват демократијата и не почнат подготовки за нови избори.
Одлуката беше донесена на минатонеделната средба на постојаните претставници на членките на ЕУ.