Иако ова звучи неверојатно, сепак тоа е вистинито.
Едно истражување покажало дека облините и неодоливата насмевка можат да предизвикаат доста голема штета за машката интелегенција.
Желбата за да се направат „паметни“ пред убавата соговорничка, како и страста која ја чувствуваат уште некое време после средбата, ги доведува во ситуација да не размислуваат нормално.
До овој резултат е дојдено преку тестот за интелегенција, кој го спровеле група на научници. Во текот на ова истражување 50 мажи биле на состанок со 60 жени, а нивна задача била да ги забележат оние жени кои ги привлекуваат.
Тестот покажал дека мажите се преоптоваруваат и претеруваат во оној момент кога ќе запознаат привлечна жена.
Жените пак, кои биле дел од ова истражување не покажале некои драстични промени во однос на привлекувањето на спротивниот пол.