Голем број случаи досега покажаа дека криминалците не знаат да се служат со Фејсбук, а најновиот случај доаѓа од САД.
Луис Лодригез, бил толку горд на својата фотографија од листата на барани личности, што ја лајкнал и ја споделил со пријателите на Фејсбук.
Полицијата го барала поради вандализам, бидејќи со спреј пишувал по полициско возило.
Освен што ја лајкнал фотографијата, Родригез објавил уште една, на која седи на полицискиот автомобил.
Очигледно, полицијата немала проблем да го пронајде и да го уапси.