Лавров: Русија е подготвена да разговара со Вашингтон за размена на затвореници

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва е подготвена да разговара за размена на затвореници со Вашингтон преку постоечки дипломатски канали.

– Подготвени сме да разговараме на таа тема, но, во рамки на канали што ги договорија претседателите Владимир Путин и Џо Бајден, тврди Лавров за Тасс.

Суд во Русија вчера ја осуди американската кошаркарка Бритни Грајнер на девет години затвор поради шверц на дрога.

Британски медиуми наведуваат дека таа пресуда може да отвори пат кон размена на Грајнер за рускиот трговец со оружје Виктор Бут.

Би можело да ве интересира

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Лавров: Европските лидери кои беа против прекинот на огнот се предомислија

Лавров: Спремни сме за нов договор за Црното Море ако Зеленски истиот го почитува

Западот сака да ја скроти Русија, тоа Наполеон и Хитлер веќе го пробаа

Путин го одликува Лавров на неговиот 75-ти роденден

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници