Вучиќ на одбележувањето на годишнината од „Олуја“: Никогаш веќе нема да молчиме

Од:

Ова е деветта година кога го одбележуваме тешкото злосторство и најголемото етничко чистење од Втората светска војна. Има две причини зошто сме денес овде. Првата е тага за 250.000 прогонети, а втората е да сведочиме. Со години во Србија како да нема сведоци за злосторствата извршени врз нашиот народ рече претседателот на Србија Александар Вучиќ на комеморативниот собир посветен на сеќавањето на жртвите и прогонетите по повод на 27.годишнината од „Олуја“ во Нови Сад.

Вучиќ вели дека на сопствениот народ му наметнавме чувство на вина поради 18-годишното занемарување на сеќавањето на српските страдања.

„Тоа го правевме скоро цела наша полнолетност, 18 години, и не стана ништо подобро од тоа. Го оптоварувавме сопствениот народ со вечно чувство на вина, го оправдувавме секое злосторство. Дури ни го сменија и името, не нарекуваа „хрватските Срби“, „босанските Срби“, „косовските Срби“, а ние сме само Срби и нема разлика меѓу нас. Тоа што живееме во различни земји не значи дека припаѓаме на различни народи“, рече Вучиќ.

Денеска ќе кажам дека тоа време заврши и дека нема повеќе молк, тоа е најсветата обврска од која нема да се откажеме“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

А1он

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Утре нови оставки од Владата, како и од други места

А1он

Вучиќ: Не го советував Весиќ да поднесе оставка, но покажа човечка одговорност

А1он

Вучиќ очекува извинување од Пицула како предуслов да дојде во Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Србија е сцена на хибридна војна на странски служби

А1он