Мукаетов и Поповски добитници на наградата „Мајка Тереза“

Од:

Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, и Живко Поповски, сликар, хуманист и новинар, се добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2013 година за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност.

Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза”, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди и Правилникот за работа на Одборот на својата седница одржана на 26-ти јуни донесе Одлука за доделување на државната награда „Мајка Тереза” во 2013 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 26-ти август во 12 часот во Порта Македонија – Скопје.

Би можело да ве интересира

Романо Проди ќе ја прими Светската награда за хуманизам за 2019

Наум Локоски

Светската награда за хуманизам ќе се доделува во Охрид на 18. јануари

Наум Локоски

Врачување на Светската награда за хуманизам на Јиржи Свобода

Ана Ололовска

Апел за помош на кавадарчанец за лекување во Пекинг

Емир Латифовиќ

Џон Ралстон Сол добитник на Светската награда за хуманизам за 2015

Ана Ололовска