Британската Влада соопшти дека од почетокот на војната во Украина засолниште во Велика Британија нашле повеќе од сто илјади украински државјани.
Министерството за внатрешни работи и Службата за визи и имиграција на Велика Британија соопшти дека до понеделникот од Украина пристигнале 104 илјади луѓе, во визи обезбедени по најразлични шеми.
Бегалците што поседуваат визи имаат право во земјата да престојуваат до три години.
Семејната програма им овозможува на украинските граѓани да одат кај нивните роднини кои живеат во Велика Британија.
Властите во Лондон од денеска почнуваат да разгледуваат нов вид апликација за виза преку на програмата за спонзорство, преку која престој во земјата би можеле да побараат и деца без придружба односно без родител или старател. Услов е согласност на барем еден од родителите.
Инаку, Владата се заблагодари на британското општеството и граѓаните што широкоградно ги отвориле своите домови за луѓето кои побарале засолниште од војната.
Извор: МИА