Вилдерс за украинските бегалци: Тие доаѓаат за бесплатно сместување

Од:

Холандскиот десничар и победник на парламентарните избори Герт Вилдерс денеска го коментираше доаѓањето на украинските бегалци во таа земја, велејќи дека Украинците не бегаат поради војна, туку поради бесплатното домување и здравството.

„Украинците се собираат во Холандија од цела ЕУ, не поради војната, туку поради бесплатното домување, здравството и нашите работни места. Холандија повторно е село на Европа“, напиша Вилдерс на социјалната платформа „Икс“.

Тој исто така изјави дека тоа го забележале во центарот за регистрација во Утрехт каде, како што вели, секоја недела пристигнуваат стотици Украинци.

Би можело да ве интересира

ОН: Украински бегалци ја напуштаат Бугарија поради несигурност

Горан Наумовски

Во Велика Британија засолниште нашле околу сто илјади бегалци од Украина

Горан Наумовски

ОН: Во Европа досега регистрирани речиси 6,2 милиони бегалци од Украина

ОН: Повеќето украински бегалци се надеваат дека на крај ќе се вратат во својот дом

ЕУ со помош од речиси 3 милиони евра за украинските ученици мигранти