Вучиќ: Наредните осум месеци критични, името на идниот премиер за 12 дена

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска при обиколката на завршните работи на Белградската кула на локацијата Белград на вода, изјави дека наредните осум месеци ќе бидат критични за Европа и Србија и најви дека поскапувањето на струкјата ќе биде минимално, како и на гасот, кој ќе поскапи 9 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.

– Критичните месеци се пет до крајот на годината и три наредната година, до крајот на март. Следните осум месеци се критични за цела Европа и за сите нас бидејќи имаме проблеми и со водоснабдувањето поради сушата која предизвикува проблеми и во производството на струја. Ни јаглен не може побрзо да се донесе бидејќи длабочината на Дунав е 1,8 метри, рече Вучиќ и додаде дека една милијарда кубни метри гас со транспортни трошоци чини најмалку три милијарди евра, а се трошат 3,2 милијарди кубни метри што се купуваат на пазарот, а не се договорени за испорака од Русија, кои се по поволни цени и две милијарди кубни метри гас чини до 750 милиони евра.

Што се однесува до храната, како што рече, „маслото, шеќерот, се ќе се држи под контрола, а брашното и лебот минимално ќе поскапат“.

Тој во обраќањето до јавноста, говорејќи на повеќе теми, кажа и дека во Србија нема доволно работници за сите започнати или планирани градежни работи и додаде дека се склучуваат договори со Бангладеш и Гватемала за ангажирање на нивните работници, за доделување долгорочни работни дозволи и затоа е важна иницијативата Отворен Балкан.

Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање „колку е блиску до името на новиот премиер, односно кога ќе се формира новата влада“ изјави дека многу брзо – за околу 12 дена ќе биде познато името на мандатарот што ќе ја формира владата и посочи дека откако ќе се знае мандатарот, многу брзо ќе се формира и владата.

Вучиќ се осврна и на шпекулациите кои се појавија во медиумите дека нов мандатар ќе биде министерот за финансии Синиша Мали.

-Напишаа дека тоа ќе биде Синиша Мали, бидејќи тоа го најави член на владата кој сметаше дека тој самиот треба да биде премиер, бидејќи во Синиша Мали ја виде најголемата конкуренција, рече Вучиќ, оценувајќи дека ваквата вест е невистинита и ја оцени како „бесмислица“.

Запрашан што очекува да се случи на 1 август на Косово, со оглед на најавените мерки за автомобилските таблички, Вучиќ рече дека „очигледно е дека сакаат да направат криза и проблеми и дека е многу загрижен поради тоа.

-Ќе видиме како ќе се одвиваат работите – рече Вучиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

А1он

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Утре нови оставки од Владата, како и од други места

А1он

Вучиќ: Не го советував Весиќ да поднесе оставка, но покажа човечка одговорност

А1он

Вучиќ очекува извинување од Пицула како предуслов да дојде во Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Србија е сцена на хибридна војна на странски служби

А1он