Жужа Хегедуш, блиска соработничка на унгарскиот премиер Виктор Орбан, поднесе оставка на функцијата поради отвореното противење на Орбан на мешање на расите.
Хегедуш која беше соработничка на Орбан повеќе од 20 години го оцени како „чисто нацистички“ говорот на унгарскиот премиер кој произнесе против нациите составени од „мешани раси“.
Меѓународниот комитет на Аушвиц говорот на Орбан го нарече „глупав и опасен“.
Портпаролот на Орбан изјави дека медиумите погрешно го пренеле обраќањето на премиерот на митингот одржан во саботата во Романија.
Бриселскиот портал „Политико“ објави дека унгарскиот премиер изавил дека миграцијата ја поделила Европа и Западот на два дела, притоа посочувајќи дека земјите каде што се мешаат Европејците и неевропејците „веќе не се нации“ туку „ништо повеќе од конгломерат на народи“.
Извор: МИА