Интерпол во 86 земји ја бара поранешната градоначалничка на Ла Паз, која ги оштетила финансиите на општината на боливиската престолнина, изјави началникот од боливиската полиција Алберто Арасена.
Габриела Кандија беше осудена во јули на осум години затвор за злоупотреби во периодот од 1993 до 1995.
Таа одобрила исплаќање на 1,6 милиони долари за оттуѓување терени, кои чинеле многу поевтино, во аферата за незаконско придобивање имоти во популарен кварт на боливиската престолнина.
Кандија беше позната фигура во Националистичкото револуционерно движење, десничарска партија, која започна длабоки економски реформи од 1993 година, но сега е маргинализирана.