Изложба на галеријата „Остен“ во Прага

Од:

Музејот на цртежи и графики на македонската галерија „Остен“ вечер во 18 часот првпат ќе гостува во Галеријата на уметничката критика во палатата „Адриа“ во центарот на Прага, каде што ќе претстави над 150 уметнички дела од својата колекција, јави дописникот на МИА од чешката метропола.

Скопскиот музеј со 68-годишна традиција, на изложбата ќе претстави и дела на наградени автори од 2009-2012 година од Светската галерија на цртеж.

Збирката е создавана постепено од експонати на Меѓународното биенале на цртежи и карикатури, кое наизменично се одржува секоја година во македонскиот главен град, а вклучува и учество на чешки уметници.

Ќе бидат претставени делата на Кристо, Јоже Циуха, Владимир Величковиќ, Пабло Пикасо, Виктор Вазарели, Димитар Аврамовски Пандилов, Каи Савелсберг, Марк Фризинг, Петер Хејдек, Стефан Бергер, Златко Гламочак, Глигор Чемерски, Симон Шемов, Ниче Василев, Павле Кузманоски, Атанас Ботев, Росица Лазеска, Тони Шулајковски, Благојче Бане Наумоски, Стефан Хаџи Николов, Татјана Манева…

Изложбата е организирана под покровителство на Амбасадата на Република Македонија во Чешка, со поддршка на министерствата за култура на двете земји, чешкиот Државен фонд за култура и Градот Прага. Изложбата ќе трае до 15 септември.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање