Двајца Австријци загинаа при уривање на авион во селото Нишиќи во Босна и Херцеговина.
Главниот обвинител на Обвинителството на БиХ издаде упатства за координирана акција на сите институции и агенции кои ќе учествуваат во истрагата.
– Според првичните информации, две лица, државјани на ЕУ, починале. Местото на настанот ќе биде обезбедено за да се спроведат сите потребни истражни дејствија и вештачења. Ќе се спроведат детални активности со цел да се утврдат сите околности на несреќата – соопшти Обвинителството на БиХ.