Американската министерка за финансии Џенет Јелен ја поздрави одлуката на групата од шест земји доверители меѓу кои и САД, да ги суспендираат обврските за сервисирање на долгот на Украина и ги повика другите официјални и приватни доверители да се приклучат на напорите.
Во групата доверители што најавуваат таква намера се Канада, Франција, Германија, Јапонија, Велика Британија и САД.
„Повторно ги повикувам останатите билатерални официјални и приватни доверители да се приклучат кон оваа иницијатива и да и помогнат на Украина, додека таа се брани од неиспровоцираната и брутална војна на Русија што разорно влијае врз украинскиот народ и економија, заедно со негативните ефекти што се прелеваат низ целиот свет“, нагласи Џенет Јелен.
Извор: МИА