Руската опозициска телевизија „Дожд“ повторно активна од странство

Од:

Руската опозициска телевизија „Дожд“, што беше блокирана денеска повторно почна да емитува програма од странство, каде нејзината редакција побегна поради зголемена репресија по руската инвазија врз Украина.

Телевизијата „Дожд“ на својот ЈуТјуб канал денеска емитуваше информативна програма, која ја водеше главниот уредник Тихон Дјадко.

На 3 март телевизијата одлучи да престане со работа во Русија откако властите ја блокираа поради критичкото известување за војната во Украина, што почна на 24 февруари.

Телевизијата „Дожд“ објави дека отворил нова редакција во Летонија и добил лиценца за дистрибуција во Европска Унија, а имаат простории на располагање во Рига, во Амстердам, во Тбилиси и во Париз.

Телевизијата „Дожд“ почна со работа во 2008 година, активно ги покриваше главните протестни движења во Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади