Уште една жртва во пожарите во Шпанија

Од:

Во пожарите што беснеат во северозападна Шпанија загина овчар, соопштија денеска локалните власти, што е втор смртен случај откако вчера загина пожарникар во истата област.

Телото на 69-годишниот маж е пронајдено четири километри западно од Ескобер де Табара во провинцијата Замора, во област која изгоре од шумски пожар што избувна во соседната општина Лосасио, соопшти локалната власт.

Местото каде загина овчарот е евакуирано како и десетици други поради пожарот што избувна вчера попладне.

Вкупно повеќе стотици жители мораа да ги напуштат своите домови, а на една железничка пруга сообраќајот е во прекин.

Еден пожарникар веќе загина синоќа додека го гаснеше пожарот, соопштија властите.

Повеќе од една недела Шпанија е зафатена од силен топлотен бран кој предизвика бројни пожари кои опустошија десетици илјади хектари вегетација низ целата земја.

– Климатските промени ги убиваат луѓето … но и нашиот екосистем, нашата биолошка разновидност, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез за време на посетата на Екстремадура, регион на западот од земјата тешко погоден од пожарите во последната недела.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата