Поранешната ѕвезда на женскиот тенис Марија Шарапова стана мајка. Познатата Русинка веќе две години е во среќен брак.
Од 2018 година Шарапова е во врска со британскиот бизнисмен Александар Гилкс, со кој се вери во декември 2020 година.
Во април 2022 година, парот објави дека го чека своето прво дете, а овој петок, на 15 јули, Шарапова откри дека родила син на првиот ден од јули, односно пред две недели.
Неговото име е Теодор.
„Најубавиот, најпредизвикувачкиот и најголемиот подарок што можеше да го добие нашето мало семејство“, напиша Шарапова на Инстаграм.