Откриена причината за смртта на Ивана Трамп

Од:

Ивана Трамп, поранешната сопруга на Доналд Трамп, почина на 74-годишна возраст, а сега е откриена вистинската причина за нејзината смрт.

Ивана Трамп беше пронајдена мртва во нејзината куќа на Менхетен, а се шпекулираше дали починала од мозочен или срцев удар и затоа паднала по скали.

Сепак, резултатите од обдукцијата покажаа дека Ивана Трамп починала од повреди предизвикани од тап предмет во пределот на градниот кош, односно од повреди добиени како резултат на пад, соопшти вчера њујоршката канцеларија на главниот медицински истражител.

Во извештајот од обдукцијата судскиот патолог смртта на Ивана ја прогласи за несреќен случај.

Телото на Ивана Трамп беше пронајдено на дното од скалите, а до неа беше истурена шолја кафе. Телото го пронашле помошник и чистачка кои се загрижиле бидејќи Ивана не одговарала на телефонските повици.

Би можело да ве интересира

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“