Во Собрание спречена тепачка меѓу Апасиев од Левица и Костовски од СДСМ

Од:

Избегнат инцидент во Собранието, каде продолжува расправата меѓу пратениците од власта и опозицијата за францускиот предлог.

Во моментот кога Димитар Апасиев од Левица се враќаше кон пратеничкото место, дојде до препирка со пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски. Двајцата влегоа во клинч и започнаа да се туркаат, по што дојдоа неколку пратеници од двете страни за да ги разделат и да спречат поголем инцидент.

Откако беа разделени двајцата продолжија со дофрлувања и меѓусебни провокации.

Во Собранието се уште е во тек 81. седница од расправата за францускиот предлог за почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители