Ивана Трамп, првата сопруга на поранешниот претседател Доналд Трамп, почина на 73-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство за ABC News.
„Нашата мајка беше неверојатна жена – деловна сила, спортист од светска класа, сјајна убавина и грижлива мајка и пријателка“, се вели во соопштението на семејството Трамп.
„Ивана Трамп беше „срвајвер“. Таа избега од комунизмот и ја прегрна оваа земја. Ги научи своите деца на смелост и храброст, сочувство и решителност“, велат од семејството. „Таа многу ќе им недостига на нејзината мајка, нејзините три деца и нејзините десет внуци“, додаваат тие.
Ивана Трамп беше првата сопруга на Доналд Трамп. Тие имаат три деца: Доналд Џуниор, Иванка и Ерик Трамп.
Ивана Трамп, која порасна под комунистичка власт во поранешна Чехословачка, се омажи за Доналд Трамп во 1977 година.
Двојката се разведе во 1992 година.
„Со голема тага ги информирам сите што ја сакаа, а ги има толку многу, дека Ивана Трамп почина во својот дом во Њујорк“, напиша Доналд Трамп.
„Таа беше прекрасна, убава и неверојатна жена која водеше одличен и инспиративен живот. Нејзината гордост и радост беа нејзините три деца Доналд Џуниор, Иванка и Ерик. Таа беше толку горда на нив како што сите ние бевме толку горди на неа. Почивај во мир, Ивана!“, се прости од неа поранешниот претседател на САД.