Барселона е еден од најактивните клубови ова лето. Уште пред почетокот на преодниот рок беа договорени доаѓањата на стоперот Андрес Кристенсен од Челси и поранешниот играч од средниот ред на Милан, Франк Кеси.
Вчера беше официјализирано доаѓањето на бразилскиот крилен напаѓач Рафиња од Лидс за 58 милиони евра, тој потпиша петгодишен договор, а денеска има уште една добра вест за навивачите на Барса.
Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, стоперот на Севилја, Жул Кунде ги договорил личните услови со Барселона.
Ќе биде многу потешко каталонскиот клуб да се договори со Севилја, имајќи предвид дека 23-годишниот парижанец има уште две години договор со Андалузијците, па Барса ќе треба да одвои најмалку 60 милиони евра за Кунде да дојде на „Камп Ноу“.
Покрај ова, во Барселона се очекува и доаѓањето на Роберт Левандовски.
Извор: Топспорт