Обединетите нации ќе се обратат до социјалните мрежи за да соберат пари и да привлечат внимание за хуманитарите кризи, кои се надвор од дневниот ред, изјави заменикот на генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Валери Ејмс.
ОН ќе ја почне кампањата денеска кога се одбележува Светскиот ден на хуманитарна помош. Кампањата ќе биде под мотото „Светот има потреба од повеќе“.
– Има кризи, кои се во центарот на вниманието и точно сега Сирија е на дневен ред. Има места како Авганистан, Јемен, Хаити, Колумбија каде и понатаму има потреба од хуманитарна помош, но се надвор од глобалниот дневен ред, истакна Ејмс.