Денес, среда, во Високо, но и во Босна и Херцеговина, ќе биде во знакот на тенисот. На отворањето на тенискиот комплекс доаѓа седумкрикратниот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, а друштво ќе му прават Аљаж Бедене, Иван Додиг и Алдин Шеткиќ.
Српскиот тенисер ќе настапи во егзибициски меч во Високо во рамките на отворањето на тениските терени во археолошко-туристичкиот парк „Равне 2“ кај таканаречените босански пирамиди.
Ѓоковиќ ќе игра во двојки со босанскиот тенисер Алдин Шеткиќ против Хрватот Иван Додиг и Словенецот Аљаж Бедене.
Програмата во Високо почна во 10 часот со дуелите на кадетските селекции на Босна и Херцеговина, Србија, Италија, Словенија, Хрватска и Македонија.
Ѓоковиќ треба да излезе на теренот околу 16 часот.
Еден од најдобрите тенисери во историјата последниве години е чест гостин во Високо, речиси редовно го посетува археолошкиот парк по големите турнири.
Извор: Топспорт